Од 7 до 23 илјади евра кредит со каматна стапка од еден процент годишно, грејс- период од 1,5 години и 5,5 години рок за отплата, можат да добијат од државата младите лица до 29 години кои сакаат да отворат сопствен бизнис или правните лица кои планираат да вработат млади од оваа категорија. За таа цел веќе е распишан оглас кој ќе трае до 18 јуни годинава. Кредитобарателот ќе добие 7.000 евра, а за секое ново работно место дополнителни 4.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра. Исклучителна поволност на оваа мерка е рокот на враќање на парите, кој изнесува 7 години и грејс-период од 18 месеци. Каматната стапка е 1 процент годишно, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Од 7 до 23 илјади евра кредит со каматна стапка од еден процент годишно, грејс- период од 1,5 години и 5,5 години рок за отплата, можат да добијат од државата младите лица до 29 години кои сакаат да отворат сопствен бизнис или правните лица кои планираат да вработат млади од оваа категорија. За таа цел веќе е распишан оглас кој ќе трае до 18 јуни годинава.
„Кредитобарателот ќе добие 7.000 евра, а за секое ново работно место дополнителни 4.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра. Исклучителна поволност на оваа мерка е рокот на враќање на парите, кој изнесува 7 години и грејс-период од 18 месеци. Каматната стапка е 1 процент годишно“, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Тој појасни дека за да добие кредит барателот треба да учествува со 25 проценти од износот на бараните средства, во вид на опрема, предмети или пари, како и гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1. Спасов појасни дека преку овој проект, кој веќе се спроведува, е надграден за млади лица до 29 години и веќе на овој принцип се основани и функционираат 2.084 фирми и мали бизниси каде што се вработени над 3.150 лица. А, преку проектот „Кредитирање правни субјекти“ (микро и мали претпријатија) во 2013 година се вработиле над 260 лица.
„Поради големиот интерес од невработените лица, Министерството за труд и социјална политика преку Агенцијата за вработување продолжува со спроведување на овие мерки, а имајќи предвид дека клучен предизвик за справување со невработеноста е нејзиното намалување кај младите до 29 години“, рече Спасов.
Тој ги повика сите невработени лица, особено младите до 29 години, да се обратат во Центрите за вработување и да се запознаат и да ги искористат можностите што се нудат преку овие мерки.
Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, појасни дека мерката се однесува не само на младите лица до 29 години, туку на сите невработени лица кои сакаат да основаат соспствен бизнис, а имаа проблем да набаварт средства, но под именети услови.
Заинтересираните лица можат да поднесат барање за кредит до 18 јуни во работните клубови на 30-те Центри за вработување.